25 март, 2013

Погледнете го „We Up“ од Фифти Сент и Кендрик Ламар

Новиот албум на Фифти Сент насловен „Street King Immortal“ е одложуван на неколку наврати; требаше да излезе уште во 2011 година, потоа беше закажан за 26-ти февруари годинава, но сè уште нема ни трага ни глас од него. Според најновите податоци, ова издание нема официјален датум за издавање, освен тоа дека ќе излезе во првата половина од годинава.

Додека го очекуваме шестото студиско издание на популарниот рапер, денеска беше претставен официјалниот видео запис за третиот сингл „We Up“ во соработка со Кендрик Ламар, кој веќе доби еден неофицијален видео запис, а сега во новата официјална верзија можете да видите каков луксузен живот живеат познатите рап ѕвезди.



Врати се горе ↑