27 јануари, 2013

Погледнете го „Wanna Say“ од Кет Греам

Сите кои ја следат популарната американска ТВ серија „Вампирски дневници“, добро ја знаат вештерката Бони Бенет. Мултиталентираната Кетрин Греам, чие сценско име е Кет Греам, покрај актерството се занимава со танц и со музика. Во 2010 година таа дебитираше со синглот „Sassy“, соработуваше со Вил Ај Ем, преработи песни од Џенет Џексон, Пола Абдул и бендот Гарбиџ, а откако во март 2012 година потпиша договор со A&M Octone Records, го издаде првиот сингл „Put Your Graffiti On Me“, кој доби одлични критики. По него следуваше и вториот сингл „Wanna Say“, за кој пред извесно време беше снимен и видео запис.

За модата во овој видео запис, Кет изјавила дека инспирацијата ја добила од две различи ери, односно од класичниот изглед од педесеттите години, како и модерниот од деведесеттите. Како што самата Греам објасни, главната порака на видео записот е да се потсетиме на почетоците на Холивуд, кога сите кои беа дел од него, покрај актерството, задолжително било да умеат и да танцуваат и да пеат. Погледнете како изгледа сето тоа во видео записот за „Wanna Say“.

 



Врати се горе ↑