7 октомври, 2013

Погледнете го „Walk of Shame“ од Пинк

Пејачката која магазинот Билборд ја прогласи за жена на годината, Пинк го претстави својот нов видео запис за темата „Walk of Shame“, која е петти сингл од актуелниот албум „The Truth About Love“, објавен во септември минатата година. Видео записот е составен од снимки од настапите на тримесечната австралиска турнеја, за време на која Пинк одржа неверојатни 46 концерти. Интересно е тоа што ова е веќе трет видео запис по ред каде што (барем на кратко) се појавува нејзиниот сопруг Кери Харт, кој веќе беше дел и од видеата за дуетите „Just Give Me a Reason“ со Нејт Руес и „True Love“ со Лили Ален.

Продуцент на оваа песна од албумот со платинест тираж е американскиот музичар Грегори Ален „Грег“ Крстин, кој е познат по соработките со многу светски ѕвезди меѓу кои и Кејти Пери, Скај Фереира, Кеша, Кели Кларксон, Рита Ора, Софи Елис-Бекстор, Лили Ален, Кајли Миног и други.

 



Врати се горе ↑