6 ноември, 2014

Погледнете го видео записот за „Танго до Балчак“

Веќе имавте можност да слушнете две песни од филмот „До Балчак“ на Столе Попов, а насловната тема „Танго до Балчак“, чиј комплетен автор е Дуке Бојаџиев, а ја изведува Крсте Роџевски, денеска доби и видео издание. Станува збор за повеќе сцени од филмот, кој премиерно беше прикажан на фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Покрај музиката за овој филм, Бојаџиев се потпиша и како автор на песната „Сакам да летам“, со која Сања Ѓошевска ќе настапи на претстојниот „Скопски фестивал 2014“, закажан за 12 ноември.



Врати се горе ↑