16 септември, 2013

Погледнете го „Lose Yourself To Dance“ од Дафт Панк

На овогодинешните доделувања на MTV VMA наградите, Дафт Панк веќе претставија краток инсерт од нивниот нов видео запис, а денеска пристигна и целосната визуализација на вториот сингл од актуелното издание „Random Access Memories“. Станува збор за темата „Lose Yourself To Dance“, во која повторно се појавува истата екипа од мега-хитот „Get Lucky“ – на двајцата роботи уште еднаш друштво им прават легендарниот музичар Најл Роџерс и Фарел Вилијамс.

Одличен и разигран видео запис, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑