12 април, 2013
Погледнете го видео записот за хрватската евровизиска песна
Годинава на претстојниот избор за песна на Евровизија, боите на Хрватска ќе ги брани Клапа с мора со песната „Мижерија“, а деновиве пристигна и видео записот кој ги прикажува убавините на земјата. Сниман е во Каштела и Трогир, а режијата на оваа љубовна приказна е режисерот од Хрватската Радио Телевизија, Зоран Николиќ.