14 септември, 2014

Погледнете го видео записот за дуетот на Крис Браун и Аријана Гранде

Со „танцовиот видео запис“ кој го објави во април, Крис Браун се обиде да го „спаси“ својот дует со Аријана Гранде, но веќе беше јасно дека поради неговите проблеми со законот пејачот нема да може да ја промовира заедничката песна, па така нумерата „Don’t Be Gone Too Long“ набрзо беше и официјално тргната од албумот „My Everything“, кој во август го објави Гранде, а на албумот „X“ кој Браун ќе го претстави на 16 септември, ќе биде објавена како соло нумера и без деловите во кои учествува популарната пејачка.

Меѓутоа, деновиве сепак стигна и видео записот за оригиналната дуетска верзија, која нема да биде објавена на ниту еден од албумите на двата музичари и во која Гранде не само што учествува во песната, туку се појавува и во мошне интересниот видео запис, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

Проблематичниот пејач исто така претстави уште една песна од претстојниот албум. Станува збор за соработка со колегата Треј Сонгз, а песната насловена „Songs On 12 Play“ е посветена на постариот колега Ар Кели и неговиот албум од 1993 година, „12 Play“. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑