24 април, 2014

Погледнете го „Vida“ од Рики Мартин

Латино ѕвездата Рики Мартин, кој во својата соло кариера има девет албуми, две изданија во живо и дури шест компилации, од кои последниот албум Música + Alma + Sexo“ го објави во 2011 година, деновиве го претстави својот придонес за албумот „One Love, One Rhythm“ кој го ќе го издаде организацијата ФИФА за претстојното СП во фудбал во Бразил и кое веќе беше најавено со синглот „We Are One (Ole Ola)“ од Питбул, Џенифер Лопез и Клаудија Леите.

Песната „Vida“ ја напишал Илајџа Кинг, победникот на глобалниот натпревар СуперСонг кој во декември минатата година го распишаа ФИФА и компанијата Сони, за продукцијата бил задолжен Салам Реми, додека видео записот е снимен во Рио де Жанеиро, а за режијата биле задолжени Катја Лунд и Ливија Гама. Мартин е познат и по својот претходен сингл за ФИФА – официјалната химна на СП во фудбал од 1998 година „La Copa De La Vida”

Како што е наведено во оригиналното соопштение од ФИФА, официјалниот музички албум на „2014 FIFA World Cup“ ќе биде објавен на 13 мај, а на изданието ќе се најдат песни од изведувачи како што се Карлос Сантана, Вајклиф Жан, Рики Мартин, Шакира и Ајзли Брадс. 



Врати се горе ↑