3 јуни, 2013

Погледнете го „Верувам во себе“ од Владимир Шуманов

„Милион соништа на ова парче хартија и сон што ветува, страста ме води, не, јас не запирам, во себе верувам“ е рефренот кој што го има напишано тапанарот Владимир Шуманов за неговата нова песна „Во себе верувам“  во која самиот тој ги има отсвирено сите ударни инструменти, а истите се надополнети со прекрасната вокална изведба на младата Дина Јовановска. Целата композиција која што е исполнета со многу енергија е работена од продуцентите Дарко Поповски- Блуз и Трајче Митрески, а за истата минатата недела беше снимен и видео запис кој што го режираше Огнен Шапковски.

„Во креирањето на целата песна сакав да доловам само позитивни чувства, за верба во себе, верба дека може да се постигне сè што ќе се посака. Врз таа основа е работен и видео записот, во кој што ќе се појават неколку личности од јавниот живот, кои преку вербата во себе ги достигнале своите цели. Се надевам дека „Во себе верувам“ и нејзиното видео ќе ѝ се допаднат на публиката“ – изјавува Владимир.

Песната е мастеризирана од Ендру Мичел во студиото Audio Bay Mastering во Америка.



Врати се горе ↑