19 март, 2013

Погледнете го „Ужасно ми недостаје“ од Рибља Чорба

Легендарниот рок состав Рибља Чорба деновиве премиерно го претстави новиот видео запис за песната „Ужасно ми недостаје“. Иако оваа нумера била наменета за Светлана Цеца Ражњатовиќ, песната на крајот се најде на најновиот деветнаесетти по ред студиски албум на популарниот бенд насловен „Узбуна“, кој беше објавен при крајот на минатата година.

„Видео записот за песната ’Ужасно ми недостаје’ е снимен во дворот на Дунџерски, кој бил еден од најбогатите срби во тоа време“ – изјавил за пејачот на бендот Бора Чорба за спрски Телеграф.

Популарниот состав наскоро ја започнува големата турнеја со која го прославуваат јубилејот 35 години музичка кариера. На 2-ри овој месец одржаа концерт во Париз, на домашен терен голем концерт ќе одржат на 23-ти март во белградската Комбанк Арена,  продолжуваат  во поголемите градови во Србија, Црна Гора, Република Српска, Словенија, Австрија, Велика Британија но според датумите објавени на официјалната фан страница на бендот, и покрај тоа што беа најавени концерти и за Македонија, за сега нема потврдени информации за нивно гостување кај нас.

 

Извор: Телеграф.рс/фото: официјална фан страница на Рибља Чорба на фејсбук



Врати се горе ↑