22 јули, 2014

Погледнете го „Уно моменто“ од Северина и Министерките

Хрватската дива Северина Вучковиќ денеска го претстави својот нов сингл и видео запис кој го сними заедно со Министерките. Новата песна, чии автори се Филип Милетиќ и Милош Рогановиќ, е насловена „Уно моменто“, а во екранизацијата во режија на Андреј Илиќ, Севе ќе ја видиме во можеби најпровокативното издание досега.

„’Уно моменто’ е една од оние песни кои веднаш Ве освојуваат. Ако ја слушнам во ноќен клуб, прва би станала да танцувам. Се надевам дека слични реакции ќе предизвика и кај Вас. Уживајте!“, напиша пејачката претставувајќи го новиот сингл, а како звучи и изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑