7 декември, 2013

Погледнете го „Underneath the Tree“ од Кели Кларксон

Како што веќе Ви пренесовме, американската пејачка Кели Кларксон на 25-ти октомври го објави својот шести студиски албум со наслов „Wrapped in Red“, кој воедно е и нејзино прво тематско издание посветено на Божиќ и празничната сезона. На овој албум се најде и синглот насловен „Underneath the Tree“, кој по неговото објавување на 5-ти ноември успеа да се искачи до четвртото место на билбордовата празнична сингл листа.

Оваа тема деновиве доби и свое видео издание во кое пејачката е придружувана од оркестар. Покај нејзината изведба на сцена, во видео записот се вметнати и сцени од снимањето во кои пејачката може да се види со нејзиниот тим од шминкери и други луѓе на сетот. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑