22 октомври, 2013

Погледнете го „Under Control“ од Келвин Харис, Алесо и Тео од Хртс

Најплатениот диџеј за оваа година, Келвин Харис деновиве го претстави својот прв материјал кој доаѓа по неговото мега-успешно издание „18 Months“, од кое излегоа дури девет „број 1“ синглови. Станува збор за песната „Under Control“ во која гостува Тео од познатото дуо Хртс и која заедно со него ја потпишува сè попознатиот шведски колега Алесо. Во новиот видео запис триото лута во една голема апокалиптична „забава пред крајот на светот“, бидејќи најавено е паѓање на метеор. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑