21 ноември, 2013

Погледнете го „Uncoditionally“ од Кејти Пери

По првиот сингл „Roar“, со кој го најави нејзиниот актуелен албум „Prism“, Кејти Пери неодамна го претстави и вториот, а баладата насловена „Uncoditionally“ деновиве доби и свое видео издание. Темата во која пејачката пее „ќе те сакам безусловно“ е визуализирана како прекрасна руска бајка, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

По објавувањето на новиот албум, Кејти неодамна ја најави и нејзината светска турнеја насловена „The Prismatic World Tour“, која ќе започне во мај следната година, а како специјални гости ќе се појават девојките од популарното шведско дуо Ајкона Поп.



Врати се горе ↑