23 јуни, 2013

Погледнете го „U Should Know Better“ од Робин и Снуп Дог

Шведската пејачка Робин го објави својот деби албум „Body Talk“ во 2010 година, а како најистакнат гостин на тоа издание тогаш се спомнуваше Снуп Дог (денеска веќе Снуп Лајон), кој гостуваше во песната „U Should Know Better“. А сега, со задоцнување од приближно три години, стигна и интересен видео запис во кој Снуп и Робин се претставени како деца, само што Робин е момче, а Снуп девојче. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑