8 март, 2013

Погледнете го „Twisted“ од Тифани Фокс и Лил Ким

Уште од 1999 година, Лил Ким (Lil Kim)  ја води својата независна етикета Queen Bee Entertainment, со која покрај нејзините, ги претставува и изданијата кои ги потпишуваат Лил Сиз (Lil’ Cease), Клајд МекНајт (Clyde McKnight), Ша Мани Икс Ел (Sha Money XL) и Ај Ар Ес Саут (I.R.S South), a минатата година беше објавено и ЕП изданието „Yellow Tape“ од раперката Тифани Фокс (Tiffany Foxx).

Ким продолжува да ја промовира младата колешка, на која годинава ќе ѝ го објави и деби албумот во соработка со издавачката куќа International Rock Star Records, а деновиве беше лансиран и новиот видео запис за песната „Twisted“, во кој на двете хип-хоп дами им се придружи и веселата Мајли Сајрус. Видео записот во режија на Џонатан Андраде можете да го погледнете горе.

 Извор: Idolator



Врати се горе ↑