26 јануари, 2014

Погледнете го „Trickster’s End“ од „Конкеринг лајон“

Тетовскиот реге состав „Конкеринг лајон вчера го промовираше својот нов видео запис за вториот сингл од актуелниот трет албум „Revelation“ (достапен за бесплатно симнување на  www.exitmusic.rs). Станува збор за темата „Trickster’s End“, чија визуализација е реализирана од страна на Јовица Рафајловски, а режијата и монтажата се на Милан Тоциновски – Сако.

„’Trickster’s End’ е песната од нашето последно издание ‘Revelation’ за која се одлучивме да направиме видео запис. Песната е со цврста и јасна порака, се одликува со динамичен и специфичен аранжман кој според нас најдобро би го прикажала целиот концепт на ‘Revelation’. Видео записот за ‘Trickster’s End’ ќе ги претстави моментите од нашите досегашни концерти, гостувања, патувања, дружења и слично. Снимањето одеше глатко и забавно низ повеќе локации на Балканот, од кои би ги издвоиле Македонија, Хрватска, Албанија и Црна Гора.“ – изјавија „Конкеринг лајон“ најавувајќи го новиот видео запис, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑