30 март, 2014

Погледнете го „Tres Hombres Desperados“ од Тотално Опуштање

Составот кој минатата година со нов албум одбележа јубилеј од 20 години постоење, Тотално Опуштање деновиве го претстави новиот видео запис за темата „Tres Hombres Desperados“ која е дел од албумот „А во слободно време“ (достапен за преслушување и бесплатно преземање на овој линк). Во продукција на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, видео записот се снимаше под режисерската палка на Бруно Велјановски, зад камерата застана Панче Пренџов, а монтажата е на Тоде Коцев. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑