28 март, 2016

Погледнете го трејлерот за новиот македонски филм „Џган“

Дебитантскиот филм на режисерот Вардан Тозија, „Џган“, својата премиера ќе ја доживее на 30 март (среда) во кино „Милениум“ во Скопје, со почеток од 20 часот, а потоа ќе го продолжи својот пат низ кино-салите ширум Македонија.

Македонски продуцент на филмот е „Дрим фектори“ (Dream Factory), ко-продуцент на филмот е „Ред хеликоптер филмс“ (Red Helicopter Films) од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија, и филмската мрежа СЕЕ (SEE Cinema network).

Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски. Во филмот од останатата актерска екипа играат и Сара Климоска, Љупчо Тодоровски, Адем Карага, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Борис Дамовски, Марија Кондовска, Саша Чиникиќ, Ристо Буразденов и Мартин Живковски.

Во Битола, филмот ќе се прикажува на 31 март, 1 и 2 април.

ЏГАН ПОСТЕР.jpg



Врати се горе ↑