Свет Beyonce-Knowles-HBO-Documentary-628

12 јануари, 2013

Погледнете го трејлерот за документарниот филм на Бијонсе

По одреден период на пауза од музичката сцена, најмногу заради бременоста и раѓањето на нејзината ќерка Блу Ајви Картер, која пред неколку дена наполни 1 година, американската дива Бијонсе малку по малку се враќа во центарот на вниманието. Имено, годинава таа треба да настапи на најгледаниот настан во Америка, Super Bowl, каде што неодамна се дозна дека заедно со неа ќе се појават и останатите две членки на Дестинис Чајлд со кои само што ја промовираа новата песна „Nuclear“, а во подготовка е и нејзиниот петти студиски албум, кој ќе го наследи „4“ од 2011 година.

Покрај новата песна, уште еден новитет е и компилациското издание со „љубовни песни“ од познатото женско трио, а во февруари ќе биде претставен и нејзиниот документарен филм, кој го режира самата Бијонсе. Веќе е познат и насловот на овој филм – „Life Is But A Dream“, а ќе биде премиерно прикажан на 16-ти февруари на  мрежата HBO. Во него гледачите ќе можат да видат снимки од нејзиното детство, нејзината улога на мајка и бизнис жена, снимањето во студио, проби за настапите во живо и семејниот живот со сопругот Џеј Зи и ќеркичката Блу Ајви. Погледнете го рекламниот трејлер кој трае околу минута и половина.

 



Врати се горе ↑