Свет aaliyah_alexandra_trejler

30 септември, 2014

Погледнете го трејлерот за биографскиот филм за Алија

„Алија: Принцезата на ар-ен-би музиката (Aaliyah: Princess of R&B)“ е насловот на биографскиот филм за прерано завршениот живот на популарната пејачка која загина во авионска несреќа на возраст од само 22 години. Филмот е снимен врз основа на бестселерот „Алија: Повеќе од жена (Aaliyah: More Than a Woman)“ од поранешниот музички уредник на списанието „Тајм“, Кристофер Џон Фарли, а ќе биде премиерно прикажан на 15 ноември на телевизиската мрежа „Лајфтајм“. Приказната ќе го следи нејзиното патешествие од 10-годишна возраст, кога за прв пат се појави во емисија за потрага по ѕвезди, сè до предизвиците на кои наиде пред да стане „принцеза на ар-ен-би музиката“.

Претстојниот филм беше проследен и со многу контроверзии, вклучувајќи го и семејството на покојната пејачка кое не сакало да се сними филм за неа, споменувањето на незаконскиот брак со постариот колега Ар Кели (со кој пејачката се омажила кога имала само 16 години), како и промената на актерката која ќе ја игра Алија. Имено, првично улогата и била доделена на Дизниевата ѕвезда Зендаја, но откако таа се откажа од овој ангажман, нејзиното место го зазеде колешката Александра Шип. Останатите улоги ќе ги толкуваат Еј Џеј Содин (како братот на Алија, Рашад Хотон), Ајзак Смит (како Тимбаленд), Елис Нил (како Гледис Најт), Шатрис Долабејл (како Миси Елиот) и други. Првиот промотивен трејлер за филмот можете да го погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑