22 март, 2013

Погледнете го „Tonight“ од Џесика Санчез и Ни-Јо

Седумнаесетгодишната млада пејачка Џесика Санчез го започна својот пат во музичките води во единаесеттата сезона на шоуто „Американски Идол“, кога го освои второто место. Нејзиниот одличен вокал лесно може да се стави во категоријата на Мараја Кери и Бијонсе, но за нејзиниот прв сингл одбра песна во денс поп стил, а гостувањето на веќе познатиот музичар Ни-Јо дополнително ќе ѝ го олесни патот до ѕвездите.

Видео записот за нејзниот прв сингл насловен „Tonight“ беше претставен вчера, а како тоа изгледа и звучи можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑