23 март, 2016

Погледнете го „Тивка река“ од „Темпера“

Групата „Темпера“ вчера го промовираше видео записот за својот прв сингл од претсојниот, втор по ред студиски албум, кој би требало да се појави во првата половина од годинава. Станува збор за темата насловена „Тивка река“, која членовите на бендот ја опишаа како „песна за љубовта и потрагата по чувството на припадност, исполнетост и топлина која ја носи реализираната и возвратена љубов“.

Песната е авторско дело на „Темпера“, а текстот е на Тања Тас.Тивка река“ е снимена и продуцирана од Мите Димовски во студиото „Тра ла ла“ во Скопје, а видео записот, чиј концепт и режија е на режисерот Игор Иванов-Изи, го иззработи продуцентската куќа „ОХО“. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑