31 октомври, 2014

Погледнете го „These Days“ од „Тејк дет“

Познатата британска група, која од неодамна работи како трио, „Тејк дет“ денеска го претстави видео записот за првиот сингл со кој го најавува своето седмо по ред студиско издание „III“, закажано за 1 декември. Веќе имавте можност да ја слушнете песната насловена „These Days“, чија продукција ја потпишува познатиот Грег Крстин (Кајли Миног, Кејти Пери, Лили Ален…), а со препознатливите гитарски рифови во стилот на „Шик“ и вокалните ефекти во стилот на „Пет шоп бојс“, песната навистина е нешто навистина поразлично од она што сме навикнале да слушаме од групата.

„These Days“ ќе започне да ги освојува топ листите на 23 ноември, а динамичниот и по малку комичен видео запис можете да го погледнете горе.



Врати се горе ↑