25 ноември, 2013

Погледнете го „Temporary“ од Еди Марфи

Како што Ви пренесовме во септември годинава, познатиот актер, комичар и музичар Еди Марфи се враќа на музичката сцена по пауза од цели дваесет години од издавањето на неговиот последен (петти) албум „Love’s Allright“ во 1993 година, а тоа го направи со темата „Red Light“ која е во реге стигл и во која гостува познатиот музичар Снуп Дог/Снуп Лајон. Деновиве Марфи претстави уште една песна од неговиот шести студиски албум насловен „9“, кој се очекува следната година. Станува збор баладата насловена „Temporary“, чиј видео запис можете да го видите горе.

52-годишниот Марфи кој е познат по легендарните улоги во филмови како што се „Полицаецот од Беверли Хилс“, „Д-р Дулитл“, „Лудиот професор“ и многу други,  покрај „Red Light“ и „Temporary“, неодамна ја претстави и баладата „Promise (You Won’t Break My Heart)“, која можете да ја слушнете во продолжение.

Од неговата музичка кариера, публиката најмногу го памети неговиот хит сингл  Party All The Time” од 1985 година, кој го напиша и продуцираше познатиот Рик Џејмс и кој се искачи на второто место на билбордовата Хот 100 листа. Деновиве Марфи гостуваше и во емисијата на неговиот колега Арсенио Хол, со кој играше во познатиот филм „Доаѓање во Америка“, кој годинава слави 25 години.



Врати се горе ↑