26 декември, 2014

Погледнете го „Телово гори“ од Мијата

Непосредно пред настапот на „Скопски фестивал“ каде што ја изведе темата „Заљубен“, Мијата ја објави песната „Телово гори“, на која се потпишува и како автор на музиката и текстот, а аранжманот и продукцијата се на Трајко Симоновски, во чие студио се снимаше песната. Отпеана делумно и на англиски јазик, „Телово гори“ неодамна доби и своја екранизација. Имено, пејачката настапи на влечењето на добитниците за наградната игра „Фискална во рака, награда без мана“, па „Томато продукција“ сето тоа го спакува во интересен видео запис, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑