22 август, 2014

Погледнете го текстуалниот видео запис за „All About You“ на Хилари Даф

Како што е познато, американската пејачка и актерка Хилари Даф неодамна го најави нејзиното враќање на музичката сцена, а тоа го направи со синглот „Chasing The Sun“. Само неколку дена подоцна, пејачката ја објави и песната „All About You“, која сега доби и текстуален видео запис, кој можете да го погледнете горе.

Двете нови песни ќе се најдат на нејзиниот петти по ред студиски албум, за кој сè уште не се познати многу детали, освен тоа дека ќе пристигне наесен, како и тоа дека ќе содржи дует со колегата од другата страна на Атлантикот, британскиот музичар Ед Ширан.



Врати се горе ↑