9 јуни, 2013

Погледнете го „Те изгубив“ од Илија Ќосевски

Илија Ќосевски деновиве го претстави видео записот за песната „Те изгубив“ која ја посвети на неговиот покоен татко, но и на неговите сограѓани кои трагично загинаа во сообраќајна несреќа на денот на промоцијата. Во песната чии музика и аранжман се на самиот Ќосевски, а со текст на Трајче Здравков, се раскажува за животот на Илија и неговата сестра Марија Илиева и како од мали нозе ја добивале целосната поддршка од нивниот татко.

Песната е снимена во студиото Magnus Production, а е продуцирана од Митко Јовановски – Magnus. Соло деловите ги отсвиреа неговата сестра Марија Илиева (виолина) и Горан Кавраков (саксофон), член во нашата позната група НОКАУТ. Како и песната така и видео записот е работен со многу емоции, а тоа можете да го почувствувате гледајќи го видео записот.

 


Врати се горе ↑