9 октомври, 2013

Погледнете го „Survival“ од Еминем

Првата песна која по долгата пауза ја претстави популарниот рапер Еминем, темата „Survival“ доби и свое видео издание. Имено, покрај тоа што ќе се најде на претстојниот осми студиски албум „MMLP 2“, песната ќе биде дел и од видео играта „Call of Duty: Ghosts“, која ќе излезе на 5-ти ноември. Во видеото снимките од оваа видео игра се прикажуваат во позадина, додека во преден план е раперот кој сè уште ја има истата енергија со која го освои светот на почетокот на неговата кариера. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑