8 април, 2014

Погледнете го „Summer“ од Келвин Харис

Познатиот шкотски диџеј и продуцент Келвин Харис деновиве го претстави видео записот за неговиот нов сингл насловен „Summer“ со кој го најавува својот четврти студиски албум. Неговиот последен албум „18 Months“ го објави во 2012 година, а на него се најдоа бројни хитовски соработки со Ријана, Келис, Не-Јо, Флоренс Велч, Ели Гоулдинг, Тајни Темпа и други. За новиот видео запис 30-годишниот музичар го покани и холивудскиот актер Џејсон Статам, кој накратко се појавува како дел од автомобилската трка, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑