4 ноември, 2013

Погледнете го „Story Of My Life“ од Уан Дајрекшн

Момците од групата Уан Дајрекшн го претставија својот нов видео запис за синглот „Story Of My Life“ со кој го најавуваат нивниот трет студиски албум „Midnight Memories“, закажан за 25-ти овој месец. Музичките критичари велат дека овој видео запис ги прикажува момците во малку посериозно и емотивно издание во однос на нивните останати видеа.

Покрај оваа песна, на 22-ри јули Уан Дајрекшн го претставија и синглот „Best Song Ever“, како прв сингл од претстојниот албум. Оваа песна се најде на второто место на британската сингл листа, истата позиција ја освои и на билбордовата Хот 100 листа, а во Австралија и Америка достигна платинест тираж.



Врати се горе ↑