10 април, 2013

Погледнете го „Still Into You“ од Парамор

Како што беше најавено на почетокот на годинава, Парамор за 9-ти април го најавија објавувањето на нивниот четврти студиски албум насловен „Paramore“, кој по подолг период ќе го наследи „Brand New Eyes“ од 2009 година. Новото издание веќе беше најавено со синглот „Now“, а бендот вчера, на денот кога го објавија новиот албум, претставија и видео запис за новиот сингл. Станува збор за нумерата „Still Into You“, чија продукција како и остатокот од албумот, ја потпишува Џастин Мелдал-Џонсен, додека за режијата на новиот и прилично весел видео запис за новата песна која го претставува бендот и на поп начин, беше задолжен Ајзак Ренц. Како тоа изгледа можете да погледнете горе.

Извор: PopCrush

 



Врати се горе ↑