14 декември, 2015

Погледнете го „Stevie Knows“ од Оли Мрс

Популарниот британски пејач што се прослави со учеството на британскиот „Х фактор“, Оли Мрс деновиве го претстави видео записот за вториот сингл од специјалното издание на албумот „Never Been Better“, кое го објави во ноември годинава. Станува збор за темата насловена „Stevie Knows“, чија екранизација Ве очекува горе.

Како прв најавен сингл за реизданието на четвртиот студиски албум на Оли беше хитот „Kiss Me“, а како звучеше сето тоа потсетете се во продолжение.

 



Врати се горе ↑