12 февруари, 2013

Погледнете го „Started From The Bottom“ на Дрејк

Дрејк има причина да биде задоволен по доделувањето на Греми наградите, бидејќи неговиот албум „Take Care“ е прогласен за најдобар рап албум. На црвениот тепих пред доделувањето, Дрејк најави дека го подготвува третиот албум насловен „Nothing Was The Same“, кој ќе биде објавен ова лето. Исто така, тој ја искористи приликата да го објави новиот видео запис за песната „Started From The Bottom“, која е прв најавен сингл за претстојниот албум.

Во видео записот кој можете да го погледнете горе, Дрејк покажува како изгледал неговиот пат кон успехот – од детските победи во фудбал, позицијата на ноќен чувар во аптека до ситуацијата во која раперот има приватен авион.

Дрејк е голем фан на групата Ти Ел Си, до сега ги обработил нивните песни „Fan Mail“ и „I Get Lonely Too“, а една од членките на оваа група, Ти Боз е љубител на музиката на Дрејк: „Мислам дека Дрејк е сјаен. Невидено талентиран, потполно специјална личност“– изјавила таа за сајтот Rap-Up. Меѓусебното почитување довело до соработка, па се очекува тие двајца заедно да влезат во студиот со продуцентот Ноа „40“ Шебиб, а соработката веројатно ќе се најде на неговиот претстоен албум.

„Мислам дека тој ќе напише совршени песни за мојот глас“ – додала таа.

 Извор: Idolator/Pitchfork/MTV



Врати се горе ↑