28 септември, 2016

Погледнете го „Starboy“ од Викенд и „Дафт панк“

Популарниот канадски музичар неодамна се врати на сцената со нов сингл насловен „Starboy“, најавувајќи го истоимениот албум закажан за 25 ноември. За повратничкиот сингл Викенд соработуваше со француското електро дуо „Дафт панк“, а во штотуку објавената екранизација пејачот симболично го „уништува“ и остава зад себе своето минато, вклучувајќи ја и неговата препознатлива фризура, а како изгледа филмската приказна за „Ѕвезденото момче“ можете да погледнете горе.

14517490_1245483505475466_6428754895177067669_n

Претстојното издание ќе биде трето по ред за популарниот пејач со потекло од Етиопија, наследувајќи го мошне успешниот „Beauty Behind The Madness“ од 2015 година. На албумот ќе се најдат вкупно 18 песни, а повеќе детали се очекуваат наскоро.

14457341_1239972192693264_8337893551385098494_n

 



Врати се горе ↑