30 јануари, 2015

Погледнете го „Squeeze Me“ од „Ен-и-ар-ди“ за сунѓерот Боб

Како што Ви пренесовме неодамна, по пауза од 4 години, бендот „Ен-и-ар-ди“ (N.E.R.D.), кој го сочинуваат Фарел Вилијамс, Чед Хјуго и Шеј Хејли, повторно се соедини и тоа на саундтракот за анимираниот филм за сунѓерот Боб, за кој ја објави песната „Squeeze Me“, а оваа песна штотуку доби и интересен анимиран видео запис, кој Ве очекува горе.

Покрај „Squeeze Me“, наскоро ќе бидат претставени уште две нови песни кои се насловени според ликовите од познатиот анимиран серијал – „Patrick Star“ и „Sandy Squirrel“, а премиерата на филмот е закажана за февруари годинава. Трејлерот можете да го погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑