31 октомври, 2012

Погледнете го спотот за „Take Him Out“ на Маја

Пејачката која ја паметиме како го пееше мегахитот „Lаdy Marmalade“  заедно со Кристина Агилера, Пинк, Лил Ким и Миси Елиот – Маја (Mya) го промовираше видео записот за една од песните која се најде на нејзиниот последен албум од 2011 година, „К.I.S.S.“. Станува збор за синглот „Take Him Out“ во кој гостува диџејката Спајс. И на 33 години, Маја изгледа прекрасно, а во видео записот можеме да ја видиме како ги извршува домашните обврски, собира отпадоци облечена само во градник и гаќички. Додека нејзиниот маж (кој не го бива за ништо) ја чека дома, таа оди на работа, танцува низ улиците во нејзината униформа за собирање на отпадоци. Спотот е сниман во Јамајка, а и самата песна го има тој карактеристичен звук.



Врати се горе ↑