5 декември, 2012

Погледнете го спотот за „Кармин“ на Софија Кнежевиќ

Српската џез музичарка Софија Кнежевиќ или попозната како СофиЏез (Sofijazz), која е позната и на светската сцена, деновиве го промовираше новиот видео запис за забавната соул нумера „Lipstick“. Софија е родена во 1990 година во Белград, а потекнува од познато сликарско семејство, а за новата песна за спрски Блиц изјавила: „Јас дефинитивно ја пеам како „girl power“ песна. Мислам дека жените генерално треба да заведуваат со нивните насмевки, а карминот само ќе им додаде малку повеќе самодоверба на таа веќе преубава насмевка. И тогаш ништо не може да ги запре.“ – изјавила Софија.

Иако многу млада, Кнежевиќ веќе има забележителна странска кариера, а на прашањето кои се нејзините омилени странски музичари со кои соработувала, таа одговорила: „Тоа се секако моите идоли Теренс Бланшард, Винтон Марсалис, Елиот Мејсон, Ерик Ривајс и тн. Покрај тоа имав и можност да соработувам и со многу поп и Р’н’Б ѕвезди, кои не би сакала да ги именувам бидејќи изгледа дека медиумите се фаќаат само за нив, но бидејќи џезот е мојата најголема љубов, дефинитивно многу повеќе се гордеам со соработките со толку важни личности на џез сцената.“

Во видео записот за „Кармин“, девојките ја менуваат бојата на карминот, а младата пејачка објасна што значи тоа: „Мислам дека сите девојки имаат различно сфаќање за тоа што го носат на себе, особено кога е во прашање карминот. Според мене, тоа зависи и од нијансата, но ајде да кажеме дека синиот кармин значи недопирливост, а црвениот двоен Овен“ – се шегува Софија. Погледнете го „Карминот“ на СофиЏез.

Извор: Blic.rs



Врати се горе ↑