2 декември, 2014

Погледнете го „Spark The Fire“ од Гвен Стефани

По пауза од осум години, вокалистката на групата „Ноу даут“, Гвен Стефани неодамна се врати на музичката сцена како соло изведувач најавувајќи го своето трето студиско издание со синглот „Baby Don’t Lie“, а во меѓувреме соработуваше и со „Марун 5“ за темата „My Heart Is Open“, како и со Келвин Харис  за „Together“. Пејачката, која во моментов е актуелна и со улогата на судија и ментор во американскиот музички натпревар „The Voice“, токму во рамките на синоќешната епизода премиерно ја изведе својата нова песна од претстојниот албум, а темата насловена „Spark The Fire“ ја сними заедно со колегата Фарел Вилијамс.

Оваа интересна соработка, во која доминира препознатливиот звук на Фарел, вчера доби и интересно и делумно анимирано видео издание, а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑