29 март, 2013

Погледнете го „Sooth My Soul“ од „Депеш моуд“

Британскиот бенд „Депеш моуд“, кој деновиве го објави својот нов албум насловен „Delta Machine“, вчера го претстави видео записот за вториот сингл од ова издание, песната „Sooth My Soul“, што ја претставија кон средината на месецов. Видео записот е во режија на Варен Фу, режисер, дизајнер и илустратор вработен во „Industrial Light&Magic“ на познатиот Џорџ Лукас. Иако најголемиот дел од неговите проекти е работата на филмовите „Пиратите од Карибите“, „Војна на ѕвездите“ и „Господар на прстените“, ова не му е прв пат да режира музички видео запис. Како тоа изгледа погледнете горе.

 Потсетуваме, бендот на 19 мај ќе одржи концерт во Белград.



Врати се горе ↑