6 март, 2013

Погледнете го „Сонот“ на „Ај кју“

Бендот кој минатата година на Радискиот фестивал беше прогласен за „Ѕвезда што се раѓа“, „Ај кју“ (Eye Cue) неодамна ја претстави новата песна „Сон“, која се снимаше во студиото „MarryPHAT“ на Ивица Јанкуловски – Штраф, а завршните финеси се работеа во студиото „Audio Bay Mastering“ во САД.

За оваа песна беше снимен видео запис  во режија и камера на Огнен Шапковски и камера на Кристијан Теодоров, а премиерно беше претставен на регионалниот канал Ем-ти-ви Адрија во понеделникот (4 март). Видео записот од вчера е достапен за прегледување и на сервисот ЈуТјуб, а Вие можете да го погледнете горе. Уживајте!

Потсетуваме, песната можете да ја симнете на следниот линк: www.sendspace.com/file/nou3je



Врати се горе ↑