4 април, 2014

Погледнете го „Smoke“ од Фифти Сент и Треј Сонгз

По претставувањето на видео записите за темите „Funeral“ и „Hold On“, американскиот рапер Фифти Сент деновиве објави уште една видео адаптација за песната „Smoke“ која е нов сингл од претстојниот албум „Animal Ambition“, закажан за 3 јуни. Веќе е познато дека рапрот неодамна ја прекина соработката со својата досегашна издавачка куќа Shady Records, која е дел од системот Aftermath/Interscope и потшиша договор со Caroline Records. Фифти исто така најави дека секоја недела до објавувањето на албумот ќе претставува по еден нов и сингл и видео запис, а како изгледа и звучи неговата соработка со колегата Треј Сонгз можете да видите горе.

 



Врати се горе ↑