29 мај, 2014

Погледнете го „Скопје Белград“ од Жељко и Даниел

Првата песна по победата на регионалното издание на X Factor за Даниел Кајмакоски е дуетот со неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ. Песната е насловена „Скопје-Белград“, а автор на музиката, аранжманот и продукцијата е Јоксимовиќ, за текстот се погрижија Драган Брајевиќ Браја и Фахрудин Пецикоза, додека за македонскиот препев беше задолжена Магдалена Цветкоска. Видео записот кој беше претставен вчера се снимаше во двата града кои се опеани во песната, под режисерската палка на Дејан Миличевиќ, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

Судбината на ѕвездите кои што ќе победат во музички реални шоуа на Балканот е таква каква што е. Но јас знаев дека приказната со Даниел нема да заврши така. Затоа и се роди дуетот „Скопје – Белград“. Ова е песна со брз и модерен ритам. Онаква каква што му прилега на Даниел. И знам дека ќе биде голем хит во регионот. Воедно песната е и соодветна најава на концертот кој што ќе се случи на 21 јуни. Даниел Кајмакоски и официјално е првиот гостин кој што ќе се појави на овој мој досега најголем концерт во кариерата. Задоволство ми е што ќе имаме можност заедно во живо да ја испееме и оваа но и многу други песни“, изјави Жељко Јоксимовиќ.

„Драги пријатели, оваа песна и спот се подарок за вашата поддршка. Нека ја одбележи нашата заедничка приказна и нашиот заеднички успех на X Factor“, напиша Даниел на својот профил на Фејсбук. Кајмакоски заедно со останатите финалисти од натпреварот, ќе настапи на претстојниот голем концерт во СЦ „Борис Трајковски“ на 7 јуни, а потоа и како специјален гостин на концертот на Јоксимовиќ на 21 јуни.



Врати се горе ↑