14 јуни, 2013

Погледнете го „Skirt“ од Кајли Миног

Како што Ви пренесовме при крајот на минатиот месец, Кајли Миног за својот роденден ги почести нејзините фанови со нова песна насловена „Skirt“, која сè уште не е познато дали е прв сингл од новото дванаесетто студиско издание на кое пејачката работи веќе подолго време. А денеска беше претставен и официјалниот текстуален видео запис за кој режисерот Вил Дејвидсон искористил кратки снимки или фотографии од пејачката во комбинација со испишаниот текст на песната.

На нејзината веб страница Nowness.com, Кајли напишала дека „албумот ќе биде во поп-денс стил со некои сосема нови елементи“, порачувајќи има на фановите да „го очекуваат неочекуваното“, како и тоа дека соработувала со „извесни продуценти со кои веќе долго време сакала да соработува“. Додека очекуваме уште детали околу новото издание, погледнете го видеото за „Skirt“.

 



Врати се горе ↑