21 септември, 2013

Погледнете го „Sirens“ од Прл Џем

Рок ветераните Прл Џем неодамна го најавија нивниот десетти студиски албум, а изданието „Lightning Bolt“ кое ќе го наследи „Backspacer“ од 2009 година, ќе пристигне на 15-ти октомври. Првиот сингл од ова издание беше песната „Mind Your Manners“, а сега стигна и видео записот за вториот најавен сингл насловен „Sirens“, кој го изработи познатиот фотограф Дени Клинч. Новиот видео запис можете да го видите горе, а во продолжение е списокот на песни кои ќе се најдат на претстојното студиско издание.

  • ‘Getaway’
  • ‘Mind Your Manners’
  • ‘My Father’s Son’
  • ‘Sirens’
  • ‘Lightning Bolt’
  • ‘Infallible’
  • ‘Pendulum’
  • ‘Swallowed Whole’
  • ‘Let The Records Play’
  • ‘Sleeping By Myself’
  • ‘Yellow Moon’
  • ‘Future Days’



Врати се горе ↑