22 мај, 2014

Погледнете го „Sing“ од Ед Ширан и Фарел

Сè попопуларниот британски музичар Ед Ширан денеска го претстави видео записот за неговиот нов сингл насловен „Sing“, чија продукција ја потпишува колегата од другата страна на Атлатикот, хитмејкерот Фарел Вилијамс кој исто така се појавува во видео записот. Самата песна потсетува на познатиот хит „Like I Love You“ од Џастин Тимберлејк, што и воопшто не е чудно со оглед на тоа што и таа песна е потпишана од истиот продуцент – Фарел. Како изгледа оваа интересна видео приказна во која главниот лик е всушност кукла која изгледа како Ед, можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑