16 декември, 2013

Погледнете го „Што ти дадох“ од Здравко Чолиќ

Првиот сингл од претстојниот, четиринаесетти албум на балканската легенда Здравко Чолиќ, темата „Што ти дадох“ деновиве доби и своја видео адаптација. Како што е познато, за материјалот на албумот насловен „Ватра и барут“ Чола соработуваше со автори од целиот Балкан, меѓу кои и Никша Братош, Воја Аралица, Момчило Бајагиќ и Марина Туцаковиќ, а оваа прва од новото издание е потпишана од Антонија Шола и Марсел Мензон, кои ги потпишуваат музиката и текстот, додека аранжманот го направи Никша Братош.

Како изгледа визуализацијата на „Што ти дадох“ во режија на Александар Керекеш, можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑