3 ноември, 2013

Погледнете го „Што сака нека биде“ од ДНК

Големиот хит „Што сака нека биде“ од актуелниот комплетно распродаден албум „Срце“ на ДНК, доби и свое видео издание во реализација на Томато продукција. Темата која стана инстант хит уште по првото слушање е дело на Лазар Цветкоски (музика и аранжман), како и Магдалена Цветкоска Ена која заедно со Панчо се потпишува на текстот. Покрај Панчо и Андреј кои настапуваат на сцена пред бројна публика, главната улога ја има Михаела Иванова. Како изгледа сето тоа можете да видите горе. Уживајте!



Врати се горе ↑