9 декември, 2014

Погледнете го „Shape Of My Heart“ од „Ту челос“

Хрватското дуо „Ту челос“ денеска го претстави видео записот за нивната верзија на темата „Shape Of My Heart“ на Стинг, која воедно е и најава за претстојното трето студиско издание „Celloverse“, закажано за 27 јануари следната година. Албумот е насловен по истоимената песна која е оригинално дело на Шулиќ и Хаусер: „Со оваа песна сакаме да ги однесеме слушателите во еден нов свет, во еден сосема нов универзум, чело универзум, чело вселена. Сакаме да ја покажеме сета убавина, топлина и магија на челото, односно светот кој се обидуваме да го создадеме со звуците на овој прекрасен инструмент.“

„Celloverse“ ќе содржи 13 нови песни, меѓу кои се и „Thunderstruck“ („Еј-си-ди-си“), кој е прегледан над 30 милиони пати, потоа „I Will Wait“ („Мамфорд енд санс“), „The Trooper (Overture)“ – мешавина од темите на „Ајрон мејден“ и Џоакино Росини, „Mombasa“ од Ханс Цимер, како и „Live And Let Die“ од Пол Макартни, во која гостува славниот пијанист Ланг Ланг. Како што пишува во соопштението на нивната официјална веб страна, славните виртуози планираат да снимат видео записи за секоја од песните на новото издание, за чија продукција се погрижија самите Лука и Стјепан, со помош на Филип Видовиќ, односно истата екипа која застана позади нивниот прв албум и, секако, легендарната преработката на „Smooth Criminal“.

Луксузното издание ќе биде дополнето со 7 видео записи, а обвивката и комплетниот список со песни можете да го погледнете во продолжение:

1. The Trooper – Overture („William Tell Overture“ од Џоакино Росини/„The Trooper“ од „Ајрон мејден“)

2. I Will Wait – („Мамфорд енд санс“)

3. Thunderstruck – Intro („Cello Sonata No. 4 in E minor“, Вивалди)

4. Thunderstruck („Еј-си-ди-си“)

5. Hysteria („Мјуз“)

6. Shape of My Heart (Стинг)

7. Mombasa (Ханс Цимер, од филмот „Inception“)

8. Time (Ханс Цимер, од филмот „Inception“)

9. Wake Me Up (Авичи)

10. They Don’t Care About Us (Мајкл Џексон)

11. Live and Let Die – со Ланг Ланг (Пол Макартни и „Вингс“)

12. Street Spirit – Fade Out („Рејдиохед“)

13. Celloverse (оригинална композиција на Шулиќ и Хаусер)

Луксузно издание со 7 видео записи:

1. The Trooper (Overture)

2. Thunderstruck

3. Highway to Hell

4. With or Without You (во живо од арената во Пула )

5. Smells Like Teen Spirit (во живо од арената во Загреб)

6. Welcome to the Jungle

7. Smooth Criminal



Врати се горе ↑