19 март, 2014

Погледнете го „Sexercise“ од Кајли Миног

По Into The Blue“, Кајли Миног го претстави видео записот за вториот сингл од нејзиниот штотуку објавен дванаесетти студиски албум „Kiss Me Once“, кој го наследи изданието „Aphrodite“ од 2010 година. Во меѓувреме пејачката објави неколку компилации кои беа дел од одбележувањето на 25 години кариера, како и изданието „The Abbey Road Sessions“ – збирка оркестрирани обработки на нејзините најпознати песни.

Најавен за 17-ти март, албумот пристигна веќе на 14-ти, а Миног кон крајот на минатата недела го најави својот нов видео запис кој го потпишува Вил Дејвидсон, кој го режираше и видеото за темата „Skirt“. За новиот видео запис режисерот вели дека „сака да ги одведе гледачите на воајерско патување во светот на вежбањето и потењето во загреани простории и да прикаже сцени кои несомнено ќе го зголемат бројот на членови во вежбалните ширум светот“. Како изгледа сето тоа можете да видите горе, а во продолжение можете да ја слушнете и песната „Sleeping With The Enemy“ која е бонус тема на новиот албум.



Врати се горе ↑